Биткоин надмина 50.000 долари, етереум бележи раст

80

Вредноста на Биткоин на пазарот за криптовалути е вистинско изненадување утрово. Очигледно, би се рекло дека се приближува кон 64.000 долари, вредност што ја имаше на почетокот на оваа година.

Цената на биткоинот утрово се искачи на 50.068 долари, што е забележано во последните 24 часа, што претставува зголемување на вредноста од 1,78 проценти.

Етереум, втората најпозната криптовалута, исто така, се движи нагоре. За 24 часа, неговата вредност се зголеми за 2,09 проценти и во моментов се тргува по цена од 3.328 долари.

И Кардано е во зелено. Неговата вредност е зголемена за 9,31 проценти и сега вреди 2,80 долари.

Од друга страна, другите криптовалути се во „црвено“. Вредноста на Рипл падна за 0,58 проценти и таа вреди 1,24 долари, а доџкоин се тргува по цена од 0,31 долар, односно забележа пад на вредноста од 0,34 проценти.