Биткоин vs Етереум: Кој е подобар избор

211

JPMorgan објави интересен извештај за инвеститорите во која се обиде да објасни зошто етерот во последните неколку недели му оди подобро на пазарот од биткоинот.

Постојат две причини за тоа: подобрувања во ликвидноста и поголем промет на јавната блокчејн мрежа етереум.

Коментарите доаѓаат откако етереумот во вторникот достигна рекордно ниво од 2.750 долари, додека биткоинот се бореше да достигне 55.000 долари, што е за 10.000 долари понизок од историскиот рекорд поставен пред неколку недели.

И биткоинот и етереумот претрпеа шок на ликвидноста на почетокот на овој месец, што предизвика намалување на моќноста на нивните пазари на деривати во следните денови, се вели во извештајот.

Но, длабочината на спот тргувањето на етереумот закрепна побрзо и ако ништо друго, условите за ликвидност на некои берзи се подобри отколку пред тој настан. Поголемиот промет на етереумот значи дека осетно поголем дел од овие токени може да се сметаат за многу ликвидни, што дополнително ги намалува ефектите од ликвидации на термимнските договори.

Ова сугерира дека проценките на етереумот може да бидат помалку зависни за побарувачката од биткоинот, технички, но повремено важен ветер што ја турка цената нагоре.

Аналитичари го припиша неодамнешното зголемување на етериумот на бранот побарувачка од институционалните инвеститори.

Основата на ова е побарувачката на институционалните инвеститори. Иако тие сега можат да имаат одредена изложеност на биткоин, институциите сега ја диверзифицираат нивната изложеност, а етереумот е природен следен избор. Ова ја остава втората крипто валута према пазарната капитализација во добра позиција.

Фото: Pixabay