Биткоинот би можел да вреди 120.000 долари до крајот на следната година

93

Најпознатата криптовалута Биткоин би можела да достигне 50.000 долари оваа година и 120.000 долари до крајот на 2024 година, според британската банка Standard Chartered.

Уште во април, Standard Chartered објави прогноза за биткоин од 100.000 долари до крајот на 2024 година со став дека таканаречената „крипто зима“ е завршена, но еден од водечките аналитичари на банката, Џеф Кендрик, рече дека сега постои шанса за скок од 20 проценти.

Фото:Pixabay