Биткоинот близу 30.000 долари – за еден месец вредноста се зголеми за 50%

77

Крипто валутата биткоин во средата достигна рекордна вредност од 28.917 долари.

Трговците со крипто валути продолжија да ја зголемуваат вредноста на биткоинот, што се зголеми за повеќе од двојно во претходните три месеци.

Вредноста на биткоинот во 2020 година скокна за 300%, а само во претходниот месец неговата вредност се зголеми за 50%.

Дигиталната валута особено го привлече вниманието на големите американски инвеститори, кои го препознаа потенцијалот за брза заработка. На растот на вредноста на биткоинот влијае и очекувањето дека оваа криптовалута ќе стане едно од вообичаените средства за плаќање.

Фото: Freepik