Биткоинот допрва ќе расте – следната година ќе биде 100.000 долари

65

Истражувачкиот тим за криптовалути на Standard Chartered предвидува дека биткоинот ќе ја удвои вредноста и ќе достигне 100.000  долари на почетокот на следната година.

На долг рок, тие пресметуваат дека криптовалутата може да достигне вредност од дури 175.000 долари. Аналитичарите во компанијата даваат и добри прогнози за етереум, втората најраспространета криптовалута, па сметаат дека нејзиниот скок ќе биде од 26.000 до 35.000 долари.

“Како средствоза размена, биткоинот може да стане доминантен начин на плаќање во идниот свет без готовина “, пишуваат аналитичарите кои се занимаваат со овој пазар долго време.  “Циклично, очекуваме врв од околу 100.000 долари на крајот на 2021 година или почетокот на 2022 година“, наведуваат тие.