Биткоинот може да падне до 20.000 долари, според трејдер

91

Откако БТК во понеделникот надмина 44.000 долари, крипто-трговците се фокусирани на области кои би можеле да се покажат како витални за цената на Биткоинот.

Според Герет Соловеј, главен пазарен стратег во InTheMoneyStocks, додека БТК има многу смисла кога има многу геополитички ризици, криптовалутата може да очекува и пад.

Зборувајќи за Kitco News во вторникот, трговецот-ветеран повтори дека Биткоинот може да падне пониско на среден рок, иако на долг рок е „биков“.

„Мислам дека сме во поголем „мечкин“ циклус“, рече Гарет.

„Да, верувам дека на крајот ќе видиме уште еден чекор до 20.000 долари“.

На прашањето за причината за неговите наводи, тој истакна дека „она што инвеститорите треба да го разберат е дека сè тука во земјата на техничката анализа се заснова на веројатности, така што кога ќе видите нагло движење надолу како ова, неизбежно доаѓа период во кој се тргате настрана на долги периоди“.

Сепак, експертот забележа дека Биткоинот може да скокне малку повисоко, иако ќе се соочи со различни отпори.

„[На краток рок] мислам дека може да има малку повеќе подем, но тоа може да се ограничи на околу 42.000 долари“, рече тој, истакнувајќи дека ова е првиот отпор. Ако цената успее да се пробие, треба да се справи со уште еден плафон од околу 47.000 долари пред да се пресели на 52.000 долари.

Во меѓувреме, трговецот со псевдоним на Твитер „Rekt Capital“ предвидува дека Биткоинот може да порасне овој месец, особено откако цената запиша нагорно месечно затворање над 35.000 долари, што се приближува до поништување на моделот на „двоен врв“.

Сепак, тој истакна дека цената мора да оди над 21-неделната EMA (Exponential Moving Average – еден од основните индикатори за техничка анализа што е многу корисен за трговците со криптовалути за да го одредат трендот на вредноста на средството, земајќи ја предвид просечната вредност на истото во одреден временски период – н.з.) и 50-неделната EMA за да се затвори дупката во обемот, по што лесно може да се врати во опсегот од 45.000 до 65.000 долари.