Биткоинот порасна за повеќе од 100 отсто од почетокот на годината

21

Цената на биткоинот во текот на 2021 година порасна за повеќе од 100%, а во октомври растот беше поголем од 30%.

На 30 септември, претседателот на Федералните резерви на САД (ФЕД) рече дека ФЕД нема намера да ги забранува или oспори криптовалутите.

На 19 октомври најавија дека првиот Bitcoin Futures Exhange фонд во САД ќе биде одобрен од страна на Комисијата за хартии од вредност на САД, со што дадоа до знаење дека криптовалутите треба да се прифатат. Ова одобрување значително ја зголеми цената на биткоинот.

Инвестициските банки го отфрлија својот скептицизам во погледот на криптовалути. Овој месец JP Morgan ја потврди својата прогноза дека биткоинот ќе порасне на 146 илјади долари. Citibank предвидува дека првата криптовалута оваа година ќе достигне 120 илјади долари.

Сè повеќе луѓе се заинтересирани за криптовалути и се очекува раст на цената на „дигиталното злато“, како што го нарекуваат биткоинот.