Биткоинот повторно се лизна, паѓајќи за 7 отсто

33

Биткоинот денеска падна под 30.000 долари на најниско ниво за една недела, бидејќи на пазарот повторновладее аверзија кон ризични инвестиции.

Најголемата глобална криптовалута по пазарна капитализација падна за дури 7,1 отсто на 29.209 долари, на нивото последен пат забележано на 30 мај, пишува Блумберг.

Пресвртот дојде само еден ден откако биткоинот повторно беше над 31.000 долари, што ги поттикна очекувањата кај некои инвеститори дека има простор за понатамошен раст, рече Маркус Сотири, аналитичар во британското брокерско друштво за дигитална сопственост GlobalBlock.