Биткоинот “проби“ уште еден плафон

50

Инвеститорите буквално полудеа по крипто валутите, што ја потврдува новата вредност и историски рекорд на биткоинот за 40.000 долари. Вкупната вредност на пазарот на виртуелни валути го надмина износот од 1.000 милијарди долари, пренесува CNBC.

Биткоинот порасна за 8,5%, додека од почетокот на годината бележи раст од околу 30%. Во последните 12 месеци цената му се зголеми за 370%.

Биткоинот и понатаму е најдоминантна крипто валути, со пазарна вредност од над 700 милијарди долари. Вртоглавиот пораст на цената на биткоинот е благодарение на многу фактори, како што е и интересот на институционалните инвеститори.

Фото: Freepik