Биткоинот расте, а банкарите сè повеќе се обложуваат на друга крипто валута

Најстарата и најпопуларна криптовалута, биткоин, вчера забележа раст од скоро 3%, цената на биткоинот во моментов е околу 56.200 долари. Втората најпопуларна криптовалута – етереум, со денови ги руши сопствените рекорди, па сегашната цена е околу 3.400 долари, што е раст повеќе од 5%.

Пред неколку дена, американската банка JPMorgan објави интересна белешка за инвеститорите во која се обиде да објасни зошто втората најпопуларна крипто-валута – етереум, во последните неколку недели на пазарот поминува подобро од биткоинот. Се смета дека тоа е поради подобрувања во ликвидноста и поголем промет на јавната блокчејн мрежа етереум.

Исто така, според Bloomberg, Европската инвестициска банка ќе користи етереум за регистрација на дигитални банкноти во вредност од 100 милиони евра. Доколку ЕИБ и другите финансиски гиганти започнат да издаваат плаќања на етериум, може да има масовно усвојување, а некои аналитичари предвидуваат дека етереумот може да достигне цена од 10.000 долари до крајот на 2021 година.