Биткоинот во слободен пад

47

Цената на биткоинот денеска се намалила за 17%, што е резултат на распродажбата на пазарите на криптовалути бидејќи инвеститорите станаа понервозни поради астрономскиот раст на неговата цена.

Најпознатата криптовалута во светот доживеа најголем дневен пад во последниот месец, достигнувајќи вредност од 45.000 долари, пренесува Ројтерс.

Падот на валутата е скоро една петтина во однос на рекордното ниво што го достигна биткоинот од 58.354 долари, иако неговата вредност е за околу 60% повисока во однос на почетокот на годината.

Фото: Pexels