Биткоинот за првпат го премина прагот од 20.000 долари

27

Вредноста на биткоинот за првпат во историјата го проби нивото од 20.000 долари, покрај растот на побарувачката меѓу институционалните инвеститорите за оваа дигитална валута.

Највредната виртуелна валута во светот се тргувала за околу 20.600 долари, што е пораст на цената од 5,6% зголемувајќи го растот на вредноста од почетокот на годината на повеќе од 180%, пренесува CNBC.

Аналитичарите велат дека најновиот скок го поттикнаа инвеститорите кои ги “селат“ своите средства во крипто валути, а на купување на биткоин се ориентирани технолошки компании.

Најновата рекордна вредност на биткоинот потсетува на нејзиниот огромен раст од 2017-та година, кога се приближи на вредност од 20.000 долари, по што следуваше стрмен пад наредната година на ниво од околу 3.000 долари.

Фото: Freepik