Битола добива над 1.000.000 евра за развој на спортот и културата

47

Со новиот развоен буџет кој треба да го изгласаат советниците од Советот на Општината, Битола ќе добие стопански и економски развој, но и подобри инфраструктурни услови, грижа за социјалата, соодветни услови за образование, како и капитални инвестиции.

Сумата на основниот буџет за 2013 та година изнесува 12.600.000 евра, додека вкупниот ќе биде 24.500.000 евра.

Општина Битола во новиот буџет за прв пат внесува програма за спорт, која ќе има за цел максимално да ги подобри условите за спортување и поддршка на спортистите.

„Веднаш ќе направиме тендер, јавна набавка за изготвување на проект за спортски комплекс под Тумбе кафе, кој што ќе подразбира нов стадион. Денеска официјално можам да кажам и да потврдам дека кога веќе ги имаме ингеренциите дека Битола ќе биде спортски град. За сите афирмативни манифестации, култура и спорт, максимално колку што е потребно и понатаму до 1.000.000 евра, ако е потребно и повеќе општината ќе инвестира”, рече градоначалникот на Општина Битола, Владимир Талески.