Битолската печатница Киро Дандаро бележи зголемен извоз на прозводи

146

Менаџерскиот тим на битолската печатница АД Киро Дандаро јавува дека го зголемиле извозот на своите производи во странство.

Како што велат извозот е реализиран во државите од Балканот, односно на традиционалните пазари и за повеќе индустриски гранки.

“Споредено со минатата година, извозот е зголемен за 30%. Печатницата оствари извоз во висина од 4,2 милиони евра кои во најголем дел ги обезбедивме благодарение на производството на флексибилна амбалажа за прехранбената и индустријата за пиво, потоа фабриките за производство на минерална вода и други компании”,  изјави  Драги Милошевски, менаџер на печатницата АД Киро Дандаро.

Најмногу од производите биле извезени во Србија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина и Хрватска, додека мал дел од производството и во Грција.

“Нашите намери се да реализираме една голема инвестиција, но се уште се воздржуваме затоа што во регионот не е поволна генералната економска ситуација, иако има поволни кредити кои се нудат преку Европската кредитна банка со кои се врши враќање на средствата и до 15 проценти”, вели Милошевски.

Печатница АД Киро Дандаро – Битола моментално брои околу 200 вработени.