Bivouac Luca Paqualetti – планинско засолниште на над 3.200 метри надморска висина

19

Фото: bivaccomorion.it

Италијанските архитекти Роберто Дини и Стефано Гиродо изградија засолниште на раб од планинскиот врв во Валпелин, Италија, пишува Dezeen.

Bivouac Luca Paqualetti се наоѓа на висина од 3.290 метри надморска висина, а е изработен во соработка со LEAPfactory, група на локални алпски водичи, која сака да го поттикне истражувањето на “заборавени маршрути“.

Ова засолниште може да го заштити планинарите од екстремните температури, што паѓаат и под минус 20 степени Целзиусови. Изработена е од композитни панели направени од дрво и челик.