Типично, кога зборот осигурување ќе Ви дојде на ум, веднаш помислувате на автоосигурување, осигурување на домот и на здравјето. Меѓутоа, откога ќе ги прочитате овие примери на осигурување, ќе сфатите дека постојат и други видови на осигурување. Тие други примери се малку несвојствени и до некаде чудни.
Токму холивудскиот џет сет е тој кој има направено донекаде и премногу комплицирани осигурителни полиси. Причината зошто се толку многу исплашени е поради потенцијално ошетување. Но, и поради евентуална повреда по својот изглед со што би им попречил во милионската заработка. Но, има такви полиси кои го осигурале своето лого на компанијата во случаен пад на некое парче од вселената.
Осигурување од нереди поради спас на туризмот
Осигурувањето на туристите од нереди е вообичаено во Тајланд. Ова е начин како да ги придобијат туристите и да го зголемат туризмот во државата. Ова го прават и од аспект на многу чести немири поради политичката ситуација која знае во некој случај и да ескалира.
Тако Бел извади осигурување во случај на паѓање на дел од вселенската станица МИР. Во тој случај, ако падне некое парче и го погоди промотивното око на бикотсите во Америка ќе добијат бесплатен тако.
Џет сетот ја отвори пандорината кутија на неверојатни суми
Започнуваме со Хајди Клум која ги осигурала своите нозе на различна сума. Едната нога поради лузна ѝ е осигурана на сума од еден милион долари, додека левата нога за два милиони долари.
Главната актерка во серијата Грдата Бети, Америка Ферера, позади сетот е една од најубавите жени. Токму светски познатиот бренд за пасти, Аквафреш ѝ ги осигурал забите на 10 милиони долари.
Кога сме кај градите на позната пејачка и актерка Доли Партон решила да ги осигура на сума од 300.000 американски долари. Сепак, осигурувањето се однесува на секоја града поединечно.
Холивудската дива Џенифер Лопез во почетокот на овој век со еден потег го привлече вниманието на себе. Таа го осигура задникот, но, цената никогаш не ја откри во јавноста. Во медиумите излезе неофицијалната сума од која боли глава. За осигурувањето на нејзиниот најголем “адут“, латино пејачката ќе добие неверојатни 300 милиони долари.
Британците со чуден вкус на осигурување
Британскиот машки стриптизер Франки Џејкман си го осигура својот полов орган за сума од 1,6 милиони евра. Оправдан потег, нели? Неговиот сонародник, критичарот за храна Егон Ронај ги осигура своите чувства за вкус за сума од 400.000 долари.
Пејачот Род Стујарт, кој смени неколку жени во својот живот, реши да направи вин – вин потег поради осетливоста на својот глас и го осигура на шест милиони долари.
Кит Ричардс, гитаристот на Ролинг Стоунс, потпиша полиса во случај на повреда на левиот среден прст за сума од скоро два милиони долари.
Познатиот пејач Том Џонс со потегот кој го направил ги оставил сите без зборови. Тој на својата коса на градите извадил полиса од седум милиони долари во случај од сообраќајна незгода и евентуална повреда која би му ја уништила машкоста. Со тоа тој тврдел дека направил кариера на секс симбол и станал мачо мен.