Бизнис акцелератор ќе им нуди помош на младите да оформат сопствени компании

89

biznisПрвиот бизнис акцелератор во Македонија, што почна со работа во Скопје, ќе нуди помош на младите на почетокот на нивната професионална кариера преку високо специјализирани програми. Оваа македонско-американска компанија со канцеларии во Скопје и во Лос Анџелес, ќе работи на развој на иновативни проекти од ИКТ и креативните индустрии, во тесна соработка со академскиот сектор и со Владата, соопшти денеска Министерството за информатичко општество и администрација.

Компанијата ќе работи на интеграција на студентите, бизнисите, академијата и инвеститорите, кои на младите луѓе ќе им помогнат и ќе им овозможат да оформат сопствени компании. Ќе бидат ангажирани домашни и странски ментори и тренери со големо професинално искуство.