Бизнис ангели инвестираат во хрватски старт – ап вреден половина милион евра

63

Фото: Pexels

Вкупно 11 членови од хрватската мрежа на бизнис ангели CRANE ја обезбедија најголемата инвестиција по број на членови. Тие инвестираат во стартапот Hyperion, којшто пред неколку месеци самостојно ја издаде компјутерската игра Journey of life, пишува Пословни дневник.

Инвеститорите проценија дека вредноста на компанијата е 500.000 евра, а на бизнис ангелите ќе им припаднат нешто помалку од 20% од новооснованата компанија, со седиште во Лондон.

“Сакам да видам која некој без помош ќе успее да лансира ваква комплицирана работа и поради тоа сметам дека со помош на парите и советите од искусните бизнис ангели ќе успеат во своите амбициозни планови“, вели Даворин Штетнер, претседател на CRANE, кој прв инвестираше во овој старт – ап.

Од лансирањето, продадени се повеќе од 1.600 примероци од играта, а добиените приходи се наменети за покривање на трошоците за плати, програми и сервери. Играта во овој момент е достапна само за персонални компјутери, но се подготвува и верзија за мобилни уреди, којашто на пазарот ќе се најде во втората половина на следната година.