Бизнис ангели во Турција инвестираа 102 милиони долари

78

Бизнис ангели во Турција инвестираа 102 милиони долари во 2019-та година, што е пораст за 66% на глобално ниво, пренесуваат тамошните медиуми.

Турција е четврта земја во Европа со 141 бизнис ангел. Земјата, како што се наведува, е посветена на овој вид инвестиции.

Кога станува збор за вкупниот износ што бизнис ангелите го одвојуваат во светот се движат меѓу 21 милијарда долари во САД и 8,8 милијарди долари во Европа, во текот на минатата година.

Фото: Pixabay