Бизнис делегација од Кина во посета на Македонија

46

kina_g copyПотенцијални инвеститори од кинеската провинција Сичуан, претставници од вкупно 12 компании, денес ќе ја посетат Македонија, со цел да се запознаат со деловните и инвестициските услови во државава.

Планирано е гостите од Кина денес да одржат работна средба со членови на Стопанската комора на Македонија, која ќе ја води Антони Пешев, претседавач на Собранието на Комората, со учество на неговата екселенција, господинот Цуи Џивеи, амбасадор на Народна Република Кина во Македонија.

Минатата година Стопанската комора потпиша Меморандумот за соработка со Кинескиот совет за промоција на трговијата, Советот на Сичуан, со кој е договорена взаемна поддршка на компаниите преку размена на информации, организирање бизнис-форуми и посета на саеми.