Бизнис форум за унапредување на регионалната соработка во прехранбениот сектор и агробизнис

16

Во рамки на Македонското претседавање со Централноевропската иницијатива (ЦЕИ) денеска ќе се одржи бизнис форум посветен на унапредување на регионалната соработка и конкурентноста во прехранбениот сектор и агробизнисот, пишува Миа.

Бизнис форумот е во организација на министерствата за земјоделство, шумарство и водостопанство и за надворешни работи, во соработка со Секретаријатот на ЦЕИ и Стопанската комора за Централна Европа.

Како што е најавено, форумот ќе го отвори министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Михаил Цветков.