Бизнис и семејство – за што најмногу жалат родителите?

familija

Фото: Pixabay

Според истражувањата, поминување премногу време на работа е нешто за што родителите најмногу жалат кога се во прашање децата.

Две третини од испитаниците жалат барем за една работа што (не) ја направиле додека нивните деца биле мали и признаваат дека доколку повторно би имале шанса, би постапиле поинаку.

Шест од десет испитаници кои имаат повеќе од едно дете велат дека смениле некои работи за второто дете, за да не ја направат истата грешка како со првото.

Исто така, повеќе од една третина ги посоветувале своите пријатели што (не) треба да прават додека нивните деца се мали, ако не сакаат да зажалат подоцна.

едум од десет испитаници чувствуваат вина затоа што детството на своите најмили го земале здраво за готово.

Освен поминување многу време на работа, родителите исто така жалат што премногу се грижеле за некои работи кои не се толку важни, потоа за тоа што немале време да си играат со децата, неможноста да одат на викенди и одмори со нив и тоа што не ги овековечиле убавите моменти со фотографии и снимки.

Лорен Ревел од Huggies Little Swimmers, која што го проведе истражувањето вели дека кога децата се мали, лесно е да замислите дека ќе бидат мали засекогаш. Но, така е само неколку години. Како што вашите деца растат, се навраќате наназад и посакувате да постапевте поинаку за одредени работи.

Покрај веќе споменатите активности, еве за што уште жалат родителите кога се во прашање децата.

За тоа што не ги охрабриле да имаат некакво хоби (активност).

За тоа што немале заедничко хоби.

За тоа што не им читале доволно пред спиење.

За преголемата грижа домот да биде среден.

За тоа што не ги носеле на спортски и други активности.

За тоа што биле премногу строги (не им дозволувале да се извалкаат додека играат).

За тоа што ги испуштиле важните моменти од нивниот развој (првите чекори, изговарање на првите зборови…).

За тоа што не им посветиле доволно внимание за време на родендените и празниците.

За тоа што постапувале премногу заштитнички.

За тоа што секогаш се чекал следниот голем момент во развојот, наместо да се радуваат на моменталниот.

За тоа што не поминувале доволно време надвор со нив.