Бизнис идеја: Како до последна капка да го исцедите кечапот

41

kecap

Иако технологијата постојано оди напред, светот се уште нема решение за некои обични и секојдневни нешта.

Така, кечапот, мајонезот, сосовите, пастите за заби, лосионот за тело, секогаш кога се при крај остануваат заглавени на дното на шишето или тубата. Статистиката говори дека околу еден милион тони сос останува заглавен во шишето и се фрла секоја година.

Како резултат на тоа, од лабораторијата на Универзитетот Масачусетс излезе идеја под името LiquiGlide.

sl2

Станува збор за изум којшто користи мазна внатрешна површина, која би имала широка примена кај нафтоводите, авиониот, ракетните бродови, па дури и во медицината, пишува Форбс.

Креаторот на LiquiGlidе, Дејв Смит, овој изум го осмислил во дел од неговиот докторски труд, а истиот бил патентиран во 2012-тата година. Лизгавата внатрешност на шишето овозможува материјата што е внатре лесно да се истура, а она што е посебно важно е дека не е токсична.

sl

Стартапот LiquiGlide е во потрага по компании, односно партнери, кои ќе сакаат да го употребуваат нивниот производ, а нивното досегашно искуство покажува дека голем број компании се премногу скептични.