Бизнис идеја: Во Хрватска отворен “рент а чанта” салон

46

canti

Младата студентка Дора Фањек влезе во светот на бизнисот на оригинален начин – во центарот на Загреб отвори салон за изнајмување чанти и накит, прв од ваков вид во Хрватска.

На полиците во салонот на Дора има чанти во различни големини и бои, кои можат да се изнајмат на различен период, а рентањето се одвива на следниот принцип – да изнајми може секој што ќе се зачлени во клубот. Годишната членарина е околу 40 евра, а чантите и накитот ќе се изнајмуваат за 2,5 евра по парче, пишува Вечерњи лист.

Заради безбедност дека по истекот на рокот чантата или накитот ќе бидат вратени, изнајмувачот остава кауција што ја добива назад кога ќе го врати позајменото.

Секое парче по враќањето ќе се чисти и ако треба нешто, ќе се поправи. Дора планира да организира мини базар за членовите на клубот, кои ќе можат по пристапни цени да ги купат моделите што биле издавани околу 10 пати и на тој начин да дојде до средства за обновување на асортиманот.

Фото: Илустрација