Бизнис караванот на Еуролинк во Штип

24

DSC00453

Штип вчера беше домаќин на настанот во организација на Еуролинк Осигурување. Настанот беше дел од Бизнис Комплет караванот, којшто досега ги посети Струмица, Битола, Прилеп и Скопје, а каде сопствениците и менаџерите на мали и микро претпријатија, имаа можност да се запознаат со предностите на осигурувањето, како и ризиците и опасностите по секојдневното работење.

Бизнис Комплет е иновативен сеопфатен пакет кој обезбедува покритија за целосно осигурување на малите и микро бизниси кои имаат деловни и продажни објекти, како колонијалните продавници, мини маркетите, аптеките, парфимериите, козметичките салони и други.

‘‘Бизнис Комплет е вистинска потреба на малите претпријатија, а тоа го потврди огромниот интерес на сите настани од бизнис караванот. Еуролинк секогаш работи и ќе продолжи да работи посветено на развивање на уникатни продукти кои се во функција на подобрувањето на условите за бизнис“, изјави Марија Томеска, претседател на управниот одбор на Еуролинк осигурување.

Вчерашниот настан беше петтиот од серијата настани од Бизнис Комплет караванот, кој ќе продолжи во текот на месец мај.