Бизнис колеџ од САД ја стартува првата додипломска програма во Македонија

36

Tетовскиот Универзитет следната пролет ќе биде домаќин на претставници од Бизнис колеџот од Илиноис (NIU) кои ќе имаат за цел да обезбедат додипломски предавања за студентите од Македонија.

Овој академски договор е резултат на партнерството помеѓу NIU со Тетовскиот Универзитет, а е поддржан од американската амбасада. Студиите на Бизнис колеџот ќе бидат први додиполмски студии од американски колеџ наменети за студенти од Македонија. Двата универзитета ја започнаа соработката со размена на студенти и за една година, во 2015, истата кулминираше со заеднички центар за Мир и Транскултурална комуникација.

Претседателката на NIU, д-р Лиса К. Фримен и ректорот на Тетовскиот Универзитет, Вулнет Амети добија почесни признанија од партнерскиот Универзитет за значењето на нивната академска соработка.

Следната фаза од оваа соработка стартува во јануари 2019 година кога NIU ќе им понуди на три групи едногодишна додипломска програма наменета за балканските простори.

Содржината на мастер додипломските студии ќе биде најсовремена и во согласност со високиот квалитет што се очекува од NIU програмите.

Бизнис колеџот веќе има воспоставено бизнис – образовни релации со универзитети од Јужна Америка, Европа и Азија. За да ги зајакне овие врски деканот Раџагопалан неодамна се приклучи на бордот на директори на WorldChicago, организација посветена на унапредување на граѓанската дипломатија.

Тетовскиот Универзитет има 25.000 студенти – кои ја делат истата енергија и талент како студентите на NIU – вклучувајќи посветеност на социјалното влијание и социјалната правда, особено во се повеќе меѓусебно поврзаниот свет.

NIU Бизнис колеџот во 1969 година, само осум години по неговото основање, ја доби националната акредитација AACSB, којашто е највисок стандард во светот за бизнис образование на глобално ниво.