Бизнис на иднината во Србија: Килограм од ова брашно се продава за околу 1,5 евра

375

Драгана и Јоца Илиќ, брачна двојка од Врање, минатата година купиле мелница во близина на Павловац. Нивната идеја за мелење спелта (вид житарица што е блиска со пченицата) и потоа продажба на брашно од спелта се покажа како многу профитабилна инвестиција.

Јоца Илиќ за српски Телеграф раскажува дека постојано добиваат нарачки за брашно од спелта, коешто сè повеќе се користи во Србија во исхраната. Килограм вакво брашно на српските пазари се движи од 1,5 евра до 1,7 евра во зависност од производителот, а во маркетите е дупло поскапо.

Како што велат нивните машини работат со полна пареа, а спелтата ја сеат сами на парцели во поширокиот дел на Врање.

“Оваа година имавме околу 130 тони од оваа житарка, којашто ја произведувавме самостојно. Брашното оди на нашиот пазар, но не се некои големи количини, затоа што иако е во замав, употребата на ова брашно не оживеа во нашата земја“, вели Илиќ.

Многу луѓе никогаш не слушнале за спелта, иако тоа е најстара житарка

“Одлучивме да го пробаме овој бизнис, имавме договор со една компанија од Шабац. Кога компанијата се продаваше, останавме без купувач, но сепак успеавме, па договоривме пласман со една компанија од Унгарија, којашто ќе ја извезува во Австрија“, вели Илиќ.

Оваа брачна двојка советува луѓето да инвестираат во ваков бизнис затоа што спелта е иднината во исхраната на луѓето.

Инаку, Спелта (Triticum spelta) е вид житарица што е блиска со пченицата. Нивото на глутен во спелтата е многу ниско, а оваа житарка е стара уште од античките времиња и добро позната по своите нутритивни својства. Спелтата и брашното од спелта се супер храна особено во Шпанија, Обединетото Кралство и во други делови на Европа. Содржи хранливи материи, витамини, минерали и есенцијални органски соединенија коишто ги нема во други житни култури и во пченицата, што го објаснува особениот интерес за спелтата.

Фото: Pexels