Бизнис партнерство – ЗА и ПРОТИВ

31

Доколку размислувате дали да склучите бизнис партнерство, еве неколку ЗА и  ПРОТИВ што можат да ви помогнат.

nozici-pari-pixabay

Фото: Pixabay

Причини ЗА

Водењето бизнис понекогаш може да биде навистина стресно и осамено. Но, доколку имате уште некој со вас сето тоа е многу полесно и помалку забележително. Бизнис партнерот ќе биде тука за поддршка, за полесно и побрзо да се пребродат проблемите, односно да се подели “товарот”.

Пристап до повеќе вештини, знаења и искуства. Двајца можат да понудат повеќе од еден и да се надополнуваат еден со друг. На пример, едниот да умее со финансиите, а другиот да знае како да ја оствари идејата.

Подобро и поефективно носење на одлуки. Понекогаш сами е многу тешко да одлучиме како да постапиме. Бизнис партнерот може да помогне, да даде второ мислење и гледиште од поинаков агол, што многу значи кога треба да се донесат важни одлуки и решенија.

Поделба на трошоците е едно големо ЗА. Истите се делат подеднакво, како за започнување на бизнисот така и понатаму за негово развивање и за сите останати попатни подвизи.

Причини ПРОТИВ

Помала автономност. Кога имате бизнис партнер не можете да постапите како што сакате во одредени ситуации. Секогаш треба да има компромис, а понекогаш тоа нема да биде во целост со вашите ставови.

Разлики во личните цели како и несогласувања во одредени одлуки за компанијата. Секој од нас е различен, па така невозможно е сите да размислуваме исто и да имаме исти цели во животот.

Донесувањето на одлуки може да биде многу бавен процес, токму поради причината што треба да се постигне компромис. Понекогаш бавната одлука може да има и негативни последици за бизнисот.

Можно е да се појави љубомора и незадоволство помеѓу партнерите доколку заслугите и симпатиите не се подеднакво распределени. Истото важи и за бонусите и наградите.