Бизнис состаноци – седум смртни гревови

295

sala-za-sostanoci

Фото: Pixabay

1. Состаноците станале бескорисен ритуал

Компаниите честопати се состануваат едноставно поради тоа што е време за нивните неделни, месечни или годишни продажни состаноци. “Состаноците кои постанеле ритуал, честопати наместо да бидат неопходни стануваат досадни, па присутните го „исклучуваат“ мозокот во текот на истите”, вели Џое Каловеј, консултант за бизнис стратегии и автор на книгата Станете Категорија еден“ (John Wiley, 2003)

Совет: Најнапред, проверете ја повторно вашата рутина. „Не го одржувајте состанокот доколку не знаете точно зошто е неопходен и како истиот ќе ја подобри стратегијата на вашата организација“. Исто така, изгответе детална агенда и испратете им ја на луѓето доволно време однапред за да можат да се подготват.

2. Состаноци кои се разговор во „еден правец“

Луѓето често пати се исклучуваат при монотони предавања и „затупувачки“ PowerPoint презентации. „Еднонасочниот говор, во основа е најнеефктивниот начин на предавање, информирање или мотивирање на луѓето“, вели Каловеј.

Совет: Поттикнете го вашиот тим да зборува, да разменува идеи и да го коментира она што го слушнал. Ако имате Power Point презентација, истата нека биде визуелна, интересна, со минимален број на зборови.

3. Состаноци без јасно лидерство

Во денешните „виртуелни“ конференциски сали, времето честопати се троши на чекање на луѓето да се приклучат, а потоа се повторува веќе кажаното за да се информираат оние што задоцниле. „Со ова ги казнувате оние што се приклучиле на состанокот на време и ја зголемувате веројатноста состанокот да трае подолго од предвиденото, ставајќи ги вработените под стрес“, вели Гери Брад, експерт за бизнис стратегии.

Совет: Изберете лидер кој е организиран и силен, кој остава оние што доцнат самите да сфатат за што се зборувало. „Користете тактика, се разбира – не треба да бидете Атила Хунски – но ако сте премногу фини, оставате простор за многу бесмислици“, вели Брад.

4. Состаноци на кои со часови се зборува за минатите неуспеси наместо за стратегиите

Една од компаниите клиенти на Брад трошеле 95% од секој состанок со своите менаџери на погон за разговор на неисполнетите норми, а само 5% на идните стратегии – не е ни чудо што луѓето од состанокот излегувале со развлечени лица.

Совет: Искористете го минатото како платформа за разбирање и планирање на идните активности, не како нешто со што ќе ги „утепате“ луѓето. Колективниот ум во салата за состаноци треба да се искористи за да се избегне повторувањето на грешките.

5. Закажување на состаноци во текот на „продуктивните часови“

Многу компании закажуваат состаноци наутро, со што ги прекинуваат вработените во најпродуктивните часови, вели Џеки Фриберг, ко-автор на Нановација: Како малиот автомобил може да го научи светот на размислува на големо и да се однесува храбро.

Совет: Закажувајте ги состаноците попладнето кога на луѓето ќе им дојде како олеснување да станат од бирото.

6. Состаноци кои се одржуваат во пријатна средина

На најголемиот број состаноци, вработените се собираат околу конфернциска маса и погледот им е фокусиран на лидерот на масата. Ваквиот формат не стимулира дискусија или креативни идеи.

Совет: Однесете ги вашите вработени на „шетачки“ состанок во паркот или на паркингот, околу зградата. „Кога не сте очи во очи со вработените, имате храброст да кажете одредени работи“, вели Фриберг. „А кога чекорите, поинаку го гледате светот и ви доаѓаат свежи идеи“.

7. Премногу строги и формални состаноци

Ретки се оние лидери кои имаат смисла за хумор. Резултатот е просторија полна со неспокојни вработени на кои им е досадно.

Совет: На сред состанок пуштете музика, видео, кажете виц или некоја приказна. Во време на YouTube, едноставно нема причина да не внесете малку „лежерност“ во состанокот и да привлечете внимание, да ја разбиете негативната енергија и да внесете ентузијазам.

Текстот е преземен од Entrepreneur.com