Бизнис тежок 10 милиони евра – хрватска компанија потпиша договор со Google

107

Хрватскиот претприемач Стјепан Талан кој е претседател на управата и сопственик на компанијата Solvis, неодамна потпиша “животен“ договор. Google од вараждинската компанија Solvis нарача 120.000 соларни панели како покрив за своите куполи на југот на Калифорнија. Според пишувањето на Јутарњи, договорот вреден 10 милиони евра е само почеток на соработката.

Бидејќи Google ги опремува сите свои згради во светот со соларни панели, тоа ќе биде долготрајна и исплатлива соработка. Google не сакаше стандардни панели од редовно производство од Solvis. Кога избраа партнер, тие ги испратија своите експерти во Вараждин со инженерите на хрватската компанија и швајцарскиот партнерда развијат специјални панели за Google.

Минатата година Solvis  ја заврши со 43,5 милиони евра приход, оваа година благодарение на Google ќе заработи уште 10 милини евра. Во последните три години приходот постојано расте, а за две години ќе биде удвоен.

“Ние не зборуваме напамет. До пред неколку години, работевме 98 % за извоз, а сега тоа полека се менува. Хрватска исто така инвестира во соларни панели”, вели Талан.

Фото: Freepik