Ветерниците на море во следните две децении би можеле да обезбедат 5% од вкупното светско производство на електрична енергија.
Нивниот развој би можел да отвори осум милиони работни места и привлечат инвестиции од 1,3 милијарди долари, покажува истражувањето на британската аналитичка куќа Rethink Energy.
Азиско-пацифичкиот регион е на добар пат да ја престигне Европа како најголем пазар за нови постројки во ветерната технологија, а Кина треба да го преземе приматот од Велика Британија до 2026 година во инсталирани капацитети, сметаат од Rethink Energy.
Меѓу државите со најголем удел на електрична енергија произведена од ветер е Данска. Енергијата произведена од ветерници во 2018 година учествуваше со 47 % од користената електрична енергија во таа земја.
Фото: Pexels