Светлана Мојсов, македонска хемичарка која живее и работи во САД, е една од добитничките на престижната награда „Принцеза на Астуриас“ за 2024 година, во категоријата за научно и техничко истражување, што ја доделува Кралското семејство на Шпанија.
Амбасадорот на Северна Македонија во Кралството Шпанија, Едмонд Адеми соопшти дека Светлана Мојсов, македонска хемичарка која живее и работи во САД е една од добитничките на престижната награда за 2024 година, во категоријата за научно и техничко истражување.
Таа заедно со уште четворица научници истражувањата што ги спровеле имале значаен клинички и социјален импакт, и го подобруваат квалитетот на живот за стотици милиони луѓе ширум светот, а како резултат е нивниот придонес во развивањето ефективни лекарства за справување со дијабетес како и за ублажување на асоцијативни форми на патологии.
Светлана Мојсов е првата Македонка кој ја добива оваа престижна награда.
Во изминатите години по различните категории добитници биле: Вацлав Хавел, Мерил Стрип, Мартин Скорсесе, Францис Форд Копола, Рафаел Надал, Мајкл Шумахер, Леонард Коен, Боб Дилан, и други.
Наградата Princesa de Asturias’ е една од најпрестижните награди што од 1981 ги доделува Шпанското кралско семејство, односно наследникот на шпанскиот трон, Принцезата Леонор, која до преземањето на шпанскиот кралски трон ја носи титулата Принцеза на Астуријас.
„Можам слободно да кажам дека наградите “Princesa de Asturias“ кои се даваат во неколку категории, и по форма и по содржина Во Шпанија ја имаат тежината на “Нобелова награда“напиша Едмонд Адеми на социјалната мрежа Фејсбук.