Почетна Новости Бизнис вреден 2,9 милијарди долари – Безос ја тужи NASA

Бизнис вреден 2,9 милијарди долари – Безос ја тужи NASA

132

Компанијата Blue Origin на американскиот милијардер Џеф Безос, ја тужи американската влада поради одлуката на NASA да и даде договор на компанијата SpaceX на Илон Маск , вреден 2,9 милијарди долари за вселенско летало што ќе слета на Месечината.

Федералниот суд, како што соопшти компанијата на Безос, ја разгледува “незаконската и несоодветна проценка на предлогот на NASA“, објави Ројтерс.

Владината канцеларија застана на страната на NASA минатиот месец поради нејзината одлука да избере само еден оператор на Месечината, отфрлајќи ја жалбата на Blue Origin .

“Оваа тужба го оспорува незаконското и несоодветно оценување на предлозите на NASA“, напишале адвокатите на Blue Origin во судската пријава.

Фото: Facebook