Бизнис заедницата со пакет предлози до Владата

44

vladaБизнис-заедницата и предложи денес на Владата вкупно 77 мерки за економски раст.

Дел од предлозите на Сојузот на стопанските комори што беа изнесени на денешниот деловен појадок со владиниот економски тим се:  Министерството за финансии, Народната банка и Македонската банка за поддршка на развојот да најдат заеднички модел кој ќе го раздвижи или зголеми кредитниот раст на 8 до 10%, да се воведат мерки за дисциплинирање на фирмите при плаќање на долговите, да се укине категоријата на непризнаени расходи и да се заземе нова стратегија со приоритет на домашните инвестиции.

Компаниите сугерираат и интервенција во законските прописи со цел стечајот и ликвидацијата да бидат ефикасни и брзи, интензивирање на градењето големи, но уште повеќе и мали хидроцентрали кои би произведувале и продавале електрична енергија по пониски цени од увезената, како и наместо на фактурирана, данокот на додадена вредност да се плаќа на наплатена реализација.

Предложено е и да се намали и стапката на ДДВ 18 на 5% за топлинската енергија и за добиточната храна, да се подобри координацијата меѓу централната и локалната власт за побрзо решавање на имотноправните односи, да се промени времетраењето на летниот распуст од 15 јуни до 15 септември и на зимскиот од 15 јануари до 15 февруари со цел продолжување на летната и зимската туристичка сезона, забраната за пушење во угостителските објекти да важи до 21 часот и слично.

На деловниот појадок во ресторанот Ден и ноќ што Сојузот на стопанските комори го организира традиционално, секоја година, присуствуваат премиерот Никола Груевски и владините министри од секторите економија, финансии, земјоделство и др.