Делегација на бизнисмени од германската покраина Баварија денес ќе престојуваат во Македонија, каде се очекува да остварат Б2Б состаноци со македонските компании.
Предводник на делегацијата е Улрике Волф, раководител на одделот за надворешна економија и маркетинг при Сојузното Министерство за економија, инфраструктура, сообраќај и технологија на Баварија и Маркус Лотч, извршен директор на стопанска комора Нинберг за централна Франконија.
Настанот го организира претставништвото на стопанска комора на Германија во Македонија, а главни гости-говорници се Вицепремиерот Владимир Пешевски и Министерот за странски инвестиции, Бил Павлевски.