Бизнисмени од Украина во посета на Македонија

17

vlada-480x360Стопанствениците на Сојузот на стопански комори и претставници од Владата денес ќе остварат средба со бизнис делегација од Украина која е во тридневна посета на Македонија.

Претседателот на Украинската стопанска комора, Генади Чижков, ќе потпише меморандум за соработка со претседателот на Сојуз на стопански комори, Златко Калеников.

Претходно двете комори остварија средба и на Осмиот Светски коморски конгрес, во Доха – Катар.

Средбата е продолжение на праксата на Сојузот на стопански комори за продлабочување на соработката со коморите од целиот свет.

Стопанствениците кои доаѓаат од Украина се претставници на повеќе сектори: градежен, метало преработувачки, туризам, земјоделство, како и производство на вино и минерална вода. На состанокот ќе се дискутираат сите можности за остварување на соработката меѓу бизнисмените на двете земји.

Меѓу другото стопанствениците од Украина ќе остварат средба и со министерот за странски инвестиции Бил Павлевски.