Бизнисменот Ајдован Адемовски во преговори да го купи Рамстор

550

Претседателот на Македонско-Турска стопанска комора во Македонија (МАТТО),  Ајдован Адемовски планира да купи 100% од акциите на Рамстор Македонија, пренесе Yenibalkan.

Договорот е предвиден да се склучи во најбрз можен рок. Адемовски, кој инаку е почесен конзул на Турција, е и сопственик на Трговскиот центар Капитол мол и Хотел Хилтон во Скопје.

Рамстор, во Македонија започна со работа во 2005 година и е дел од Мигрос Тиџарет А.Ш, еден од најголемите ланци на маркети во областа на  малопродажбата во Турција.

Рамстор ги нуди своите услуги во шест различни градови низ Македонија со вкупно 21 маркет и еден Трговски центар во центарот на Скопје со повеќе од 90 избрани продавници и брендови на простор од 25.000 м2.

Фото: Facebook