Во најголемата фабрика за знамиња во Иран, бизнисот цвета, бидејќи тие произведуваат американски, британски и израелски знамиња коишто иранските демонстранти ги палат.
Фабриката се наоѓа во градот Хомеин, југо-западно од Техеран, а нејзините вработени ги изработуваат знамињата рачно. Месечно се изработуваат 2.000 знамиња, објави Reuters.
Во атмосфера на засилени тензии меѓу САД и Иран, демонстрантите на протести редовно ги палат знамињата.
Фото:Pexels