Бизнисот му пропадна во Силиконската долина, но му скокна за 4800% во матичната земја

73

Таканори Накамура се повлече од Силиконската долина во 2015 година, откако не успеа неговиот софтвер за маркетинг на мобилни телефони и реши да го насочи фокусот кон неговата матична земја Јапонија.

Неговата компанија Rakus Co порасна за повеќе од 4.800% откако излезе на берзата во Токио истата година.

Накамура, поседува 34% од акциите во компанијата и е нејзин претседател и извршен директор. Неговото богатство се проценува на 1,9 милијарди долари.

Накамура (48), вели дека во средно училиште решил дека сака да биде претприемач. По дипломирањето на Универзитетот во Кобe, тој се приклучи на телекомуникацискиот гигант Nippon Telegraph & Telephone Corp. 1996 година, но дал отказ по една година.

Тој исто така обучувал инженери за тоа како да користат Linux, а во 2009 година Ракус ја создаде својата главна програма Raku Raku Seisan, што им овозможува на работниците да прават извештаи за трошоците онлајн. Подоцна, компанијата разви и верзија за мобилен телефон.

Накамура се фокусираше на успехот во Силиконската долина. Тој разви софтвер кој им помага на компаниите да видат колку е ефикасен нивниот маркетинг на социјалните мрежи и да одлучат дали да ги задржат или да ги повлекуваат рекламите.

“Мислев дека ни треба почеток на прекуокеанските пазари, поради намалувањето на популацијата во Јапонија“, истакна Накамура. Но, бизнисот пропадна. Според успешниот Јапонец, тој едноставно не можел да им конкурира на американските стартапи, кои влeвале огромни суми пари во нивните бизниси.

Тоа беше премногу за нас, рече тој и додаде: “Сфатив дека, со оглед на ресурсите што ги имаме, нашите шанси за победа ќе бидат поголеми ако одиме “all-in“ на нашиот домашен пазар“.

Како што паметните телефони стануваа сè попопуларни во Јапонија, така иновативната програма започна да расте. Според компанијата, услугата денес има повеќе од 8.000 корпоративни клиенти.

Фото: Pixabay