Благ пораст на цените на индустриските производи

35

C-_Inetpub_wwwroot_CNQ_v195_Storage_1074_95166_Industrial_Products-630x472Според податоците на Државниот завод за статистика, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во април се повисоки за 0,2% на месечно ниво и за 1,2% на годишно ниво.

На месечно ниво во април, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групата Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,9% и во групата Трајни производи за широка потрошувачка за 0,1%.

Споредено на годишно ниво, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групата Интермедијарни производи, освен енергија за 4,2% и во групата Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,6%.