Прехранбената индустрија Благој Ѓорев од Велес направи промена на називот, врз основа на претходно донесена одлука на собранието на акционери одржано на 12-ти јуни оваа година, стои во информацијата испратена до Македонска берза.
“Централен регистар на РСМ изврши упис на овие промени на седми јули, така што во иднина нашето друштво ќе се означува под називот Прехранбена индустрија Кристал 1923 АД Велес“, стои во информацијата.
Останатите карактеристики на компанијата, единствен даночен број, единствен матичен број на субјектот и трансакциските сметки во банките остануваат непроменети.
Фото: Facebook