Благој Ѓорев со нето добивка од 538.000 денари за шест месеци

16

blagoj gjorev

Компанијата Благој Ѓорев оствари нето добивка во висина од 538.000 денари во период од 01.01. до 30.06., покажуваат податоците на неконсолидираниот биланс на успех, објавен на Македонска берза.

Кај нето добивката е забележано намалување од 81% во однос на остварениот финансиски резултат истиот период лани – 2.812.000 денари. Како причина за тоа е намалената цена на маслото за јадење, се наведува во Образложението на билансот на успех.

Приходите од продажба на Благој Ѓорев во првите шест месеци од оваа година се 283.801.000 денари, од кои на домашен пазар отпаѓаат 255.557.000 денари, додека остатокот од 28.244.000 денари се реализирани на странски пазар. Приходите од продажба лани овој период биле 328.582.000 денари.