Блаж Бродњак поднесе оставка од функцијата Претседател на Надзорниот Одбор на НЛБ Банка АД Скопје

НЛБ Банка АД Скопје преку Македонска берза известува дека на ден 10.10.2024 година,  Блаж Бродњак, поднесе оставка од функцијата Претседател на Надзорниот Одбор на НЛБ Банка АД Скопје.

До добивање на согласност од Гувернерот на Народната Банка на Република Северна Македонија за именување на нов член на Надзорниот одбор на Банката, г-дин Блаж Бродњак ќе продолжи да ја извршува својата функција како Претседател на Надзорниот Одбор на Банката.