Во светското производство на метли, Србија се најде на четвртата позиција зад Кина, Шри Ланка и Мексико, пишува Блиц.
Србија во последните две години извезла околу 10 милиони метли, додека во истиот период извезла 10 пати помалку компир, пишува весникот.
“Ова е нископрофитно производство, но е сигурно бидејќи обидот со вештачки материјали веќе пропадна“, вели Јан Ѓурчијански, сопственик на фабрика за метли.
Во денешни услови се произведуваат над 50.000 метли месечно, а во оваа индустриска гранка во Србија се вработени околу 400 лица, 25.000 сезонски работници и над 700 земјоделци.
За извоз на една метла од 900 грама се добива од 1,28 до 1,35 евра. Она по што оваа метла е поинаква и атрактивна за европските пазари е тоа што е биоразградлива и затоа се смета за еколошки производ.