Блиц: Најмоќните странци во Србија

26

nisИ оваа година српски Блиц традиционално ја објави својата листа на најмоќни странци во Србија. Прв на листата е генералниот директор на Нафтена индустрија Србија (НИС), Кирил Кравченко. За пет години откако Кравченко е на чело на НИС, инвестициите во оваа компанија се зголемиле за пет пати, а уделот на пазарот се зголемил повеќе од двојно. Со профит од 430 милиони евра, НИС е меѓу првите извозници во земјата, пишува Блиц.

На второ место е Антонио Цесаре Ферара, генерален директор на Фиат автомобили Србија (ФАС), а на трето место е Хајнц Вилхелм, германски амбасадор во оваа земја.

Понатаму следуваат: Ивица Тодориќ, Агрокор (4), Ове Фредхајм, Теленор (6), Фредерик Коин, Сосиете Женерал (6), Мајкл Кирби, амбасадор на САД (7), Мајкл Девенпорт, амбасадор на ЕУ (8), Александар Чепурин, амбасадор на Русија (9) и Марко Капелини, Банка Интеса (10).