Блиц: Путин отвора медиумска куќа во Србија

41

RT

Руската државна медиумска куќа Русија денес (Russia Today – RT) ќе отвори информативен центар во Белград – информативна интернет страница и радио станица. Претставништвото ќе биде регистрирано на 28 октомври, дознава српски Блиц.

Србија е една од вкупно 29 земји ширум светот во кои почнува да работи оваа медиумска куќа, која е веќе меѓународно позната по својот ТВ канал на англиски јазик RT. Секое претставништво ќе стартува со интернет страница на јазикот на земјата, а од пролет со работа ќе почнат и радио – станиците. Интернет порталот во Србија, според најавите, ќе известува за случувањата во Србија, но со надворешна политика во согласност со државната политика на Русија.

Во центарот во Белград ќе работат 30 луѓе.