Блиц: Србија ќе се задолжи за нови една милијарда долари

89

DollarsВладата на Србија и министерот за финансии Лазар Крстиќ подготвуваат емисија меѓународни обврзници со кои државата би се задолжила за уште една милијарда долари, дознава Блиц. Главна причина за новото задолжување е тоа што во буџетот за редовно функционирање на државата има пари само за до крајот на октомври.

“Подготовките за нова емисија државни еврообврзници вредни околу една милијарда долари се при крај. Сепак, желбата е тоа да го направиме колку што е можно подоцна, затоа што сметаме дека новите мерки на Владата ќе влијаат на тоа каматите под кои ќе се задолжиме да бидат пониски од денешните”, наведува изворот на Блиц и додава дека Владата се обидува да пронајде алтернативно решение за да дојде до свеж капитал за буџетот.