Телекомуникацискиот оператор Близу го прославува својот втор роденден, па по тој повод подготви подароци за сите нови корисници во продажните салони низ Македонија, како и низа поволности за постојните корисници.
Така, од денес, па до среда, (13 ноември), Близу ќе ги наградува сите нови корисници на кој и да е пакет со вредни изненадувања. Исто така, за своите корисници Близу ги овозможи сите канали од платформата Discovery, бесплатни CA Module за гледање на HD канали и опција за плаќање преку веб страницата blizoo.mk.
“Ако минатата година беше година во која ги подигнавме границите на нашите очекувања и можности на овој пазар, оваа, втора година по ред, е година во која повторно ги поместивме истите. Освен тековните новости, како што се воведувањето најголем број HD канали (14), ексклузивното воведување на целото портфолио на Discovery, најголемите интернет брзини понудени до резиденцијални корисници досега, отсега сите наши корисници ќе бидат во можност да си ги подмируваат своите сметки преку нашата веб страница, и тоа без никаква провизија. А новите корисници, пак, кои овие три дена ќе склучат договор со Близу, ќе добијат подарок изненадување”, рече Искра Секуловска, маркетинг директор на Близу во Македонија.
Од операторот најавија дека покрај роденденските изненадувања, тековните промоции на пакетите со три услуги, како и промоциите при онлајн купување остануваат активни за сите нови корисници.