Близу: Три услуги за промотивна месечна претплата од 1.099 денари

19

logo-580x290

Почнувајќи од денес, Близу за своите корисници им нуди ексклузивен пакет со три услуги на Близу –  Три плус Делукс. Со овој пакет корисниците ги добиваат сите услуги и канали од портфолиото на Близу: ДТВ Плус пакетот со до 90 канали, дополнителните пакети Спорт, Спорт тотал (бесплатно 24 месеци), HD мини, Balkan 8+ (бесплатно првиот месец), интернет со брзина од 15 Mbps и неограничен трансфер, фиксна телефонија со вклучени 250 минути кон сите фиксни национални мрежи и 100 бесплатни минути кон Вип. За сите нови и постојни корисници кои ќе го одберат овој пакет до 30 септември оваа година и ќе склучат договор на 24 месеци, промотивната цена за Три плус Делукс е 1.099 месечно. Корисничката опрема е бесплатна и исто така, вториот ресивер или КА модул корисниците ќе го добијат бесплатно, без никаков месечен надомест.

Корисниците, пак, кои сакаат комплетно уживање во кристално јасна слика, отсега можат да ја искористат понудата на Близу со која за само 499 денари месечно можат да добијат телевизор Phillips 40” PFH 4200. Оваа понуда која вклучува и ТВ уред Phillips 40” PFH 5500 за 699 денари месечно, важи за нови корисници за кој било од пакетите со три услуги, за склучен договор на 24 месеци. Понудата за ТВ уреди e преку инстант потрошувачки кредит, без камата и дополнителни трошоци во соработка со НЛБ Тутунска банка на 48 месечни рати.

За повеќе информации корисниците можат да се обратат на телефонскиот број  089 011 011 или на веб страницата www.blizoo.mk.