Blö – уред за ладење што може да се носи на облека

62

blo

Фото: Kickstarter

Компанијата Blo Technology направи мал, лесен уред за ладење што може да се носи на облеката. Blö е уред за ладење што може да се полни и е дизајниран да се носи под облеката, на вратот или на долниот дел од грбот. Уредот го ублажува непријатното чувство на прегревање и е наменет за секојдневни ситуации (вежбање, трчање, планинарење или кај личности кои имаат проблеми со прекумерно потење).

Уредот користи мал мотор и сечило за да создаде струење на воздухот. Не работи како класичен вентилатор, туку го влече воздухот преку комора каде што поминува преку масло од пеперминт (или било кој друг избор на есенцијални масла.) Корисникот не мора да користи масла иако оваа опција може да го подобри чувството на ладење. Уредот може да го излади целото тело шест степени во рок од две минути.

Поставен е на платформата за групно финансирање Kickstarter каде од потребните 5.000 долари веќе имаат собрано 410.560 долари, а до крајот на кампањата остануваат уште 30-тина часови.